Baner 2

БЕСПЛАТЕН ВЕБИНАР ЗА ДНЕВНИКУВАЊЕ “МЕ РАЗБУДИ АНКСИОЗНОСТ“

Колку пати досега ти се случило да се разбудиш наутро или уште во текот на ноќта со активно растрчани мисли во главата, грижи кои ти го стегаат градниот кош и чувство дека нешто лошо ќе ти се случи, тебе или на блиските? Анксиозноста има широк распон, од нелагодност и немир до вознемиреност и паника, што доведува до попречување на секојдневните функции, сонот, исхраната, работата и комуникацијата со другите.

Во секоја мера, анксиозноста е знак на телото дека од нешто сме преплавени и дека имаме послабо или поинтензивно стресно доживување, но во никој случај анксиозноста не е твој непријател кој има намера да те тормози.

Справувањето со оваа толку несакана емоција започнува со свесноста за тоа како се манифестира кај нас и која порака ни ја праќа нервниот систем – од што се чувствуваме загрозени.

Придружи ми се на бесплатниот вебинар следната седмица да дневникуваме заедно на оваа тема. Потребен ти е отприлика 1 час време, твојот дневник или хартија за пишување и охрабри се да спремиш и бои за да му пријдеме покреативно на ова доживување.

Запомни си, работата на себе започнува со љубопитност за личните доживувања, не со осуда кон нив. А има ли поинтимен начин да бидеш љубопитен за себе, од искрено дневникување?

Регистрирај се за учество со пополнување на овој формулар.

Пријавените учесници ќе добијат мејл со линк за вклучување неколку денови пред одржувањето на вебинарот.