
Ана Стојановска, психотерапевт
Здраво, јас сум Ана, сертифициран Поливагален Гешталт Психотерапевт, Гешталт Коуч во бизнис организации и лиценциран Психолог од Скопје.
На клиентите им помагам да се справат со траумите, симптомите и предизвиците со кои се соочуваат, но и да живеат исполнет и задоволен живот, автентичен за нивните потреби и потенцијали.
Во работата со бизнис организации целам кон подобра комуникација меѓу членовите, емоционално интелигентно адаптирање на промени, продуктивно решавање на предизвици и остварување на личните потенцијали. Верувам во благодетите на доброто искуство на вработените на нивното работно место.
Мојот пристап е холистички, се интересирам за битието во целост и начинот на кој функционира, како се грижи за себе и како формира односи со другите. Верувам дека секој од нас се состои од тело, ум и дух, и дека ниедно од нив не е поважно од другите две. Здравјето и среќата доаѓаат кога овие три аспекти се во склад и меѓусебно комуницираат. Во себе ги носиме сите неопходни ресурси за да бидеме здрави и задоволни. Во тој контекст, мојата работа е да му помогнам на клиентот да стане свесен за овие потенцијали, да се справи со тешкотиите и предизвиците, да го согледа своето учество во ситуацијата во која се наоѓа и да ја искористи својата сила за да се справи со неа.
Секој мој клиент е различен и единствен. Секоја прва средба ја доживувам како најзначајна и пристапувам со интерес и прифаќање.
Отворено ја сакам особеноста на мојата работа и различното доживување со секој клиент, се грижам за нивното здравје и добросостојба и им благодарам за довербата.
Образование и квалификации
Работно искуство
Лично за мене
Живеам и работам во Скопје, во заедница со сопругот и двајца малолетни синови.
Слободното време го поминувам со нив, со блиските и колку што е можно почесто во природа.
Уживам во музика и во останатите уметности, зависам од книги и учење и од времето поминато сама со себе.
И за себе и за своите деца се залагам да зрееме во добри битија, со почит и љубов кон себе и кон сите креации на природата.