Бесплатен вебинар – Како да постигнам психолошка рамнотежа на работно место?
Со овој вебинар ја отворам дискусијата за повеќе свесност за себе во работната средина, а со тоа и за подобро ментално здравје, функционирање и продуктивност на работа. Темата е во тесна поврзаност со нашиот капацитет да се справиме со себе на работа, со обврските, со стресот и со различните карактери со кои соработуваме. Терминот кој го одбрав е постигнување на психолошка рамнотежа на работа, односно, постигнување на состојба во која сме будни, свесни, проценуваме, бираме, продуктивни сме и се грижиме за себе на адекватен начин.
На темава поврзана со потешкотии во функционирањето на работа добивам многу прашања и барања од сите со кои работам и се среќавам. Се радувам кога гледам колку посвесни стануваме сите за својата емоционална интелигенција и колку е таа неопходна за здравје и добар перформанс на работа.
Но, она што беше пресудно за да ја одберам оваа дискусија е она што упорно го среќавам во мојата тераписка пракса, а тоа е дека многу од стресните симптоми на работа не умееме да ги препознаеме, ги доживуваме како непроменлив дел од нашиот карактер и оставаме да тлеат и да ни го намалуваат капацитетот за здравје. Не поминуваме малку саати на работа дневно и воопшто не е сеедно во која состојба го поминуваме тоа време.
На едночасовната сесија ќе разговараме повеќе за:
Вебинарот е бесплатен и отворен за секој кој што сака да постигне подобро емоционално здравје на работното место.
Пријавувањето направете го преку пополнување на кусиот формулар: https://forms.gle/oVG7EUFkgucBRdDr6
Во продолжение прегледајте го моето гостување во прилог на СИТЕЛ ТВ на темата на емоционална интелигенција на работното место, со што ја стартував оваа дискусија.