
Индивидуална психотерапија со адолесценти и возрасни

Sense of Self креативна психотерапија

Wellness Програма за вработени (Workplace wellness program)
Незнам која терапија е за мене
Не знам дали да закажам сесија
Ми требаат повеќе информации
Разбирам дека некогаш ќе ви е потребно време да соберете храброст или повеќе информации за да ја закажете својата прва сесија и искрено сакам да ви го олеснам овој преод.
На многу мои клиенти им било од голема помош да се запознаат со мене однапред и да добијат одговори на прашањата кои им предизвикуваат претпазливост.
Оставам можност да закажете 10 минутна бесплатна консултација со мене на која ќе се запознаеме и ќе видиме како се сложуваме.
Периодот кој го резервирав за консултации е секој понеделник од 12-14 часот.

Индивидуална психотерапија со адолесценти и возрасни
(во просторија или онлајн)
На овие сесии заеднички и безбедно ги разгледуваме темите за кои ви е потребна поддршка од психотерапија.
Притоа, се во врска со вас е од важност – телото, дишењето, мислите, чувствата и однесувањето, луѓето околу вас и околината во која живеете. Неискажаното е подеднакво важно како и споделеното, почувствуваното е исто важно како и виденото. На овие сесии ќе ви помогнам да се поврзете со себе, да се поврзете со мене и безбедно да работите на своите предизвици. Мојот пристап на работа е комбинација од гешталт терапија и поливагална теорија на здраво живеење. Прочитајте повеќе за методот на работа.
Сесијата е во траење од 60 мин и се одвива во комплетна приватност и безбеден простор, во просториите на Sense of Self или онлајн, според вашата потреба. Темпото на закажување на сесиите кое го препорачувам на почеток на тераписката соработка е еднаш седмично. Должината на соработката (бројот на потребни сесии) ја одредуваме заедно, терапевтот и клиентот.
За кого се наменети овие сесии?
- Барате поддршка и помош да се соочите со промена или со непридвидливоста на брзите случувања
- Ви е потребно да се справите со трауматско искуство, и да доживеете олеснување од тешки и болни емоции
- Барате олеснување на анксиозноста и немирот во телото, потешкотиите со дишењето и неможноста да се опуштите
- Ве обесхрабрува чувство на безволност, немање енергија и потреба за социјализирање
- Се соочувате со нерешлив проблем, заглавени сте или безнадежни
- Имате потешкотии во формирањето и одржувањето на релации, со партнери, во семејството , со децата , со пријателите, на работа, со авторитети
Што да очекувате од првата сесија?
Да дојдете со трема или страв е сосема во ред. Ќе ви овозможам и време и простор да направите контакт со себе и да се опуштите во релацијата со мене. Мојата намера е да понесете нешто добро за вас од првата и секоја следна сесија – ново сознание за себе, олеснување, нова перспектива, метод за регулирање на нервниот систем и чувство на добросостојба. Стартувањето терапија можеби делува страшно, но со сигурност не е болно.

Sense of Self креативна психотерапија за автентично и исполнето живеење
(во просторија или онлајн)
Понекогаш не чувствуваме конкретен проблем за кој ни е потребна помош. Но, чувствуваме дека живееме неавтентично, далеку од своите потреби и желби, како да живееме некоја различна верзија од себе која не ни донесува среќа и задоволство. Имаме чусвтво дека треба да сме на различно место, во различна средина или да правиме нешто сосема различно од тековното. Имаме лутина или необјасниви фрустрации а реално имаме се што ни е потребно за нормален живот.
Еве како некои од моите клиенти ја формулираат оваа потреба:
- Сакам да си го средам животот
- Ми треба да бидам стариот јас
- Неможам да најдам мотивација за обични активности
- Се чувствувам празно, што и да правам
- Не очекував дека вака ќе завршам
- Не се познавам повеќе , другите не ме познаваат
- Зошто не сум среќна?
Отсуството на проблем не гарантира и среќно живеење. На овие сесии ќе ви помогнам да си ја најдете својата оска, да ја обновите поврзаноста со себе и да се посветите себеси со повеќе сочувство и прифаќање отколку со критика и судење.
Што ќе научите на овие сесии?
- Како вашиот нервен систем влијае на вашите мисли, чувства и однесување и што да превземете околу тоа (ВАГУС нерв)
- Кои се вашите ресусри и како да ги користите
- Како да се справите со внатрешниот критикувач (Inner critic)
- Како да го сопрете бескрајниот круг на премногу размислување (overthinking)
- Како да најдете спокој и задоволство во себе
Што да очекувате на овие сесии?
Поддршка и внимание за спокојно да воспоставите контакт со себе и со мене. Многу знаење и психоедукација, многу вежби за регулација на нервниот систем, техники на дишење, водење на дневник и правење на медитативни паузи.

Wellness Програма за вработени (Workplace wellness program)
(во просторија или онлајн)
Дали вашите вработени се соочуваат со стрес на работното место? Знаат да бидат анксиозни, панични и иритабилни? Да имаат потешкотии да се справат со емоционалните напливи или се повлекуваат? Тешко донесуваат одлуки и го губат фокусот и продуктивноста? Имаат проблеми дома, во релациите со останатите вработени во тимот? Во ваков случај програмата за советување на вработени може многу да ви помогне. На терапија не се оди само во криза, туку и за тема која се манифестира на работното место или е влошена од него, за лични проблеми кои се прелеваат на работното место (врски, финансиски и емоционални проблеми) и општо за подобра мотивација и лична сатисфакција.
Што претставува психотерапијата за вработени?
Програма која овозможува психолошка поддршка и советување за вработените, со цел подобро да се справат со психолошките предизвици поврзани со работното место. Така се поттикнува менталното здравје, емоционалната добросостојба и генерално, ја подобрува продуктивноста и целокупната работна атмосфера. За да се заштити приватноста на вработените кои ќе изберат да дојдат, психотераписките сесии можат да се одржуваат во просторијата на центарот или онлајн, на безбедна платформа наменета за доверливи разговори.
Работодавачот кој овозможува психотерапија како бенефит за своите вработени помага во дестигматизацијата на менталното здравје, покажува дека го почитува и психичкото здравје на своите луѓе и овозможува продуктивна работна средина. Грижата за менталното здравје на вработените покажува подобрување на работниот перформанс, помалку абсентизам и пократки болнички отсуства.
Кои се предностите за вработените?
- Лесен и брз пристап до професионален терапевт.
- Безбеден и доверлив простор за работа на своите теми
- Можност за баланс меѓу работа и одмор
- Учење на вештини за подобро да се справат со животните ситуации, намалување и разрешување на симптоми и потешкотии
- Запознавање со своите шеми на однесување , а и со другите. Можност да се подобрат работните релации и чувството на задоволство и исполнетост со себе.
Воведувањето на бенефит од овој тип е ваѓно да се спроведе внимателно и одговорно. Вработените треба да се спокојни дека споделените информации остануваат кај терапевтот, а дека можноста за терапија е апсолутно личен избор и независна од ниту една друг отворена или скриена агенда ( систем за награда или казна во компанијата). Посетувањето на психолог е сеуште осетлива тема за отворена дискусија и сеуште се секираме што ќе мисли средината за нас.
За повеќе детали за оваа можност закажете консултација.