Zoom, 14.09.2023, 19 20 ч.

Бесплатен вебинар – Како настануваат стресните реакции во телото и како да ги балансираме

  

Придружете ми се на информативниот вебинар на кој ќе дискутираме како влијае нашиот нервен систем на нашите чувства, мисли и однесување и како создава стресна реакција во телото.

Штом ќе разбереме како да ги препознаеме знаците на вознемирување или повлекување кај себе, си отвораме можност да го избалансираме својот систем и да се поврземе со другите на поквалитетен начин. Дискусијата се заснова на применети знаења од поливагалната теорија и гешталт во психотераписка пракса за подобро ментално здравје.

На едночасовната средба, ќе ги дознаете основните информации за:

  • Трите состојби на нервниот систем (бегство/борба, повлекување и безбедно поврзување)
  • Неколку начини на олеснување на симптомите преку регулација на системот и активирањето на Вагус нервот.

Вебинарот е наменет за апсолутно секој кој се грижи за своето и за менталното здравје на блиските или на другите. Без разлика дали ве мотивира мака или љубопитност, добредојдени сте да се вклучите.

Пријавувањето направете го преку пополнување на кусиот формулар:
https://forms.gle/kHqhMWRuqedoJY499

Предавач: Ана Стојановска, сертифициран поливагално насочен терапевт, ЕАГТ сертифициран Гешталт терапевт и ГПО бизнис консултант и лиценциран психолог. Повеќе од 15 години пракса како Психотерапевт, Бизнис Обучувач/ Коуч во организации и Презентер за мали и големи аудиториуми, тековно активна во својата приватна пракса за психотерапија и бизнис коучинг Sense of Self.

Пријавените учесници ќе добијат мејл со линк за вклучување неколку денови пред одржувањето на вебинарот.

Гостување во утринската емисија на Алфа ТВ. Разговорот е “загревање“ за темата на стресни реакции низ поливагална призма, од што се предизвикани и што е важно да се направи за да се олеснат симптомите.

Се гледаме на сесијата!