Бесплатен вебинар – Стресно прегорување – како да го препознаеме и што да превземеме
Во рамки на месецот на менталното здравје, одлучив да посветам внимание на една од многу спомнуваните теми – стресно прегорување (burnout).
Секој знае што е стрес и прегорување – некој читал и слушал многу за оваа тема, некој посетил работилница, две, на темата, многу се враќаат од посетата кај матичниот доктор со дијагноза стрес и прегореност, но сепак, сеуште, сите бараме начин како да ни помине. И ако ме прашувате мене, на темата на стрес треба редовно да и се навраќаме за да си дадеме можност барем повремено, да се проверуваме како сме, да се потсетуваме дека добросостојбата е најважна, да препознаваме хронични штетни обрасци на функционирање и да си овозможиме враќање во баланс и подобра грижа за себе.
Дали знаевте дека прегорувањето не доаѓа одеднаш, туку е резултат на хроничен стрес? Го врзуваме со преголем ангажман на работа, но не е ограничен само на работното место. Многу почесто е резултат на востановен начин на кој им пристапуваме на своите обврски, и дома и на работа.
Придружете ми се на бесплатниот вебинар посветен на стресно прегорување (burnout) на 19 мај 2025 во 19:00 часот на ZOOM.
На едночасовната средба ќе зборуваме:
- Како да разликуваме умор, стрес и прегорување
- Кои се првите знаци и каде навистина започнува прегорувањето
- Зошто „ќе одморам кога ќе завршам“ е сигурен пат кон прегореност, а не симбол на посветеност
- И, што е најважно – што можеме да направиме за себе уште од денес
Вебинарот е наменет за апсолутно секој кој се грижи за своето и за менталното здравје на блиските или на другите.
Пријавувањето направете го преку пополнување на кусиот формулар.
Пријавените учесници ќе добијат мејл со линк за вклучување неколку денови пред одржувањето на вебинарот.
Предавач: Ана Стојановска, сертифициран поливагално насочен терапевт, ЕАГТ сертифициран Гешталт терапевт и ГПО бизнис консултант и лиценциран психолог. Повеќе од 15 години пракса како Психотерапевт, Бизнис Обучувач/ Коуч во организации и Презентер за мали и големи аудиториуми, тековно активна во својата приватна пракса за психотерапија и бизнис коучинг Sense of Self.

