6 седмична групна работилница за балансирање на реакциите на нервниот систем и олеснување на стресните симптоми
Работилницата „Враќање во рамнотежа“ од својот старт во октомври 2023 до денес, гордо брои 3 успешно завршени групи и вкупно 18 учесници.
На секој од нив топло им благодарам за довербата и за впуштањето во ново искуство со група, врз основа на кое и оваа работилница стана уште подобар и комплетен продукт на интензивна работа на себе.
Преработена, зајакната и дополнета, во продолжение погледнете ја програмата планирана за 4тата група која стартува на 1ви октомври, 2024та година.
Станувате свесни дека,
Можеби се чувствувате анксиозни, прегорени, збунети, преплавени или заглавени, дома или на работното место. Можеби не успевате да се опуштите и по завршувањето на стресниот период, како да сте постојано загрижени или повлечени во себе. Сигурно сте се обиделе на различни начини да си помогнете, но ефектите биле краткотрајни.
Можеби сакате подобри односи со вашите блиски, со децата, со партнерите, со колегите на работа. Посакувате помалку реактивност и иритабилност во релациите со нив, а повеќе спонтаност и опуштена комуникација.
Можеби чувствувате дека нешто треба да промените во начинот на кој се однесувате со себе но не знаете каде да почнете. Барате да си ја продлабочите работата на себе преку пракса која го уважува и умот и телото и духот.
Која и да е вашата приказна, добредојдени сте на оваа групна работилница.
Стресната реакција на нашиот систем не е штетна и ние не сме ненормални поради овие реакции.
Секој ваш симптом, реакција, потреба, чувство и мисла, прават смисла и имаат повод да се појават како реакција на стресен настан.
Уште поважно, ДОБРО е што се појавиле бидејќи претставуваат интелигентна заштитна реакција на телото од закана. Вашиот нервен систем работи многу вредно за да ве одбрани од опасности и да ве одржи во живот и секогаш кога е неопходно ќе стартува стресна реакција во телото, по предвидлив биoлошки ред.
Но, понекогаш оваа заштитна состојба трае премногу долго, не држи дисбалансирани и предизвикува хроничност во симптомите и додатни компликации на здравјето.
На оваа работилница,
ќе се поврзете со нервниот систем и ќе се запознаете со начинот на кој вашето тело реагира во услови на стрес, како се манифестира и како се одразува на вас, во околината и во односите со другите.
Низ групна работа и многу вежби ќе ги откриете предизвикувачките сигнали за стресните реакции кај вас.
И следствено, низ личната работа во групата ќе му овозможите на вашиот нервен систем да научи нови и поадекватни начини на реакција, ќе го прекинете заморниот циклус на хроничен стрес и ќе научите многу олеснувачки техники за балансирање и релаксација.
Штом ќе се повлече стресната реакција, телото се враќа во рамнотежа, се регенерира, се одмора и се отвора за безбедно поврзување и задоволство во комуникација со другите, со природата, со светот, со духот…
Ќе усвоите начини на балансирање на стресните реакции и враќање на рамнотежата во системот, за подобро здравје и повеќе задоволство во секојдневието.

Ќе се среќаваме и работиме еднаш седмично, 6 седмици, на 3 часовна групна сесија. Сесиите ќе се одржуваат со физичко присуство, во приватност и мир, во просторијата на Sense of Self.

Во мала група, од 6 учесници,
Низ интензивни групни и индивидуални вежби и учење, секој учесник ќе може да навлезе темелно во својата работа и да го искористи максимумот од присуството на сесијата. Сите материјали ќе ви бидат обезбедени на почеток на работилницата и по секоја сесија, а вашето портфолио со изработени активности ќе си го задржите на крајот на работилницата. Групата е доволно мала за секој од вас да го извлече максимумот од секоја сесија – да може да изработи лична работа, со посветено внимание од терапевтот и со поддршка на групата. На првата сесија на работилницата ви се назначува партнер од истата група со кој ќе можете подлабоко и поинтензивно да ги разработите своите увиди.
Предзнаење или искуство во работата со нервниот систем не се воопшто неопходни за вклучување во работилницата. За сите теми ќе отвораме заеднички дискусија и ќе ги добиете сите потребни основи за практично да примените искуства.
Програмата за работилницата е базирана на поливагалниот пристап во терапија и коучинг. Секоја сесија е структурирана со конкретна тема, вежби и лична работа. Секоја домашна задача и тема за дискусија со вашиот поливагален партнер ја добивате на групната средба.
Сите активности се организирани и управувани од мене, Ана Стојановска, психотерапевт и коуч со повеќе различни квалификации. Прочитајте повеќе за мене овде.
Запознавање со групата и програмата. Препознавање на основните состојби на нервниот систем низ соматски вежби и правење на првата автономна мапа. Започнуваме да го учиме јазикот на нервниот систем, да ги распознаваме знаците на нерамнотежа во телото и да ги поврзуваме со состојбата на нашиот нервен систем.
Секој симптом покажува што се случува со нервниот систем. Истражуваме какви ситуации, активности, постапки ги предизвикуваат симптомите во телото и не донесуваат во стресна ситуација. Правење на мапа на провокации и блесоци. Вежбање на враќање во состојба на рамнотежа преку регистрирање на позитивни искуства.
Познавајќи ги подобро состојбите на нервниот систем и како се манифестираат на индивидуално ниво, на оваа сесија веќе креираме исцрпна мапа на регулирачки ресурси – техники и активности кои ни помагаат да ги олесниме симптомите на стрес во телото и да му помогнеме на нервниот систем да се врати во регулација.
Враќање во рамнотежна состојба преку ко-регулација со други нервни системи (група, терапевт). Поставување на поквалитетни меѓусебни релации преку учење како да бидеме урамнотежени во предизвикувачки ситуации ( на работа, дома, со децата, со партнерите) и да ги забележуваме и туѓите знаци на стресна состојба.
Формирање на јасни патеки на движење помеѓу состојбите на нервниот систем преку креативни вежби, констелации и континууми. Учење на нови начини на реакција во старите стресни ситуации. Забележување на промените во телото и во реакциите на сесија и помеѓу сесиите.
Интеграција на новото и активна примена во лична и групна практична работа. Прифаќање на промените и формирање на нова персона, вратена во рамнотежа, балансирана и поотпорна, флексибилна во стресните реакции на телото. Завршување на циклусот со групна церемонија.
Како учесник во работилницата добивате:

Вашата седмична посветеност на работилницата изгледа вака
Учесниците на работилницата се посветуваат,
Да се обидат да присуствуваат редовно, на секоја сесија и со физичко присуство, бидејќи видео запис и онлајн пренос нема да се прави во заштита на приватноста на дискусиите.
Како член на група која се оформува околу личен раст и развој, се посветувате на чување на приватноста и интимноста на својата и на дискусиите на другите членови на групата.

Цена на 6 седмичната работилница „Враќање во рамнотежа“
225 € (13.500 МКД)
за рано пријавување до 12ти септември 2024
250 € (15.000 МКД)
за пријавување до 26ти септември 2024
Постои можност за плаќање на 2 рати. Бројот на учесници е ограничен на 6.
Стартуваме на 1ви октомври 2024
За да дознаете повеќе информации за оваа работилница, да поставите прашања и да ме запознаете, вклучете се на бесплатниот вебинар „Како да постигнам психолошка рамнотежа на работното место“ ,
кој ќе се одржи на 11ти септември во 19ч.
Следете го Instagram профилот на Sense of Self