Интензивна oнлајн програма за балансирање на стресните реакции на телото
За кого е наменета работилницата?
Ако ве води потребата да ги разберете вашите реакции под стрес на работа и во релациите со другите, да го пронајдете коренот на вашите чувства, да го освестите начинот на кој се справувате со болката и анксиозноста и ако сакате да стекнете повеќе алатки за регулација и рамнотежа во телото, оваа работилница е за вас.
Ако се чувствувате збунети, изгубени и анксиозни и барате повеќе свесност за себе и тоа што ви се случува, оваа работилница ќе ви даде мапа на мисли, чувства и сензации на која лесно ќе се пронајдете.
Можеби ја имате свесноста за телото, мислите и чувствата и добро се познавате, но сепак ви недостасува поддршка да се справите со стресот кога ќе се појави, и во тој случај, на работилницата ќе најдете ризница на регулациски техники за телото и умот да најдат баланс.
Доколку сеуште не ја спуштивте и изработивте бесплатната вежба за врската помеѓу мислите, телото и стресот, започнете овде.
Онлајн верзијата на Враќање во рамнотежа трае интензивни 3 седмици и има 2 основни намери:

Низ интензивни групни и индивидуални вежби и учење, секој учесник ќе може да навлезе темелно во својата тема и да го искористи максимумот од присуството на сесиите. Сите материјали ќе ви бидат обезбедени пред почетокот на секоја сесија, а вашето портфолио со изработени активности ќе си го задржите на крајот на работилницата. Освен заедничките групни сесии, секоја седмица ќе имате поливагални предизвици за сработување во помала група, кои ќе ги одржувате на начин и во термин за кој самите ќе се договорите. На секоја сесија ќе добиете и индивидуална домашна задача која ќе ви помогне да навлезете подлабоко во својата тема.
Програмата за работилницата е базирана на поливагалниот пристап во терапија и коучинг. Секоја сесија е структурирана со конкретна тема, вежби и лична работа. Во продолжение погледнете ја основната содржина на програмата во овие 3 седмици.
Запознајте се со поливагалниот пристап на работа на себе, бесплатната вежба е овде.
Работните материјали креирани за секоја сесија одделно, ги добивате на мејл со јасни инструкции за примена. Дел од нив се задолжителни за активна работа на сесиите во живо, но остатокот од нив се дополнителни ресурси кои ги користите зависно од потребите и интересот.
Учесникот во работилницата добива:
Проверете дали поливагалниот пристап на работа е за вас, изработете ја бесплатната вежба овде.
Промотивната цена за учество на онлајн работилницата „Враќање во рамнотежа“ изнесува
9.000 МКД
Бројот на учесници е ограничен.
Стартуваме на 3ти декември 2024