Циклус работилници за соочување со секојдневни симптоми на тешки емоции
Идејата за циклусот работилници „Фокус на себе“ произлезе од мојата потреба да бидам редовно присутна и достапна за вас, не само преку терапија, туку и преку отворени дискусии и практични работилници за ментално здравје. Сакав да создадам простор каде секој може лесно да дојде до поддршка, знаење и алатки за справување со секојдневните предизвици.
Секој месец ќе обработуваме по една тема која произлегува од моето секојдневно искуство во терапијата и од најчестите симптоми со кои клиентите доаѓаат на терапија.
Во таа смисла, овој прв циклус на работилници ќе се осврне на соочување со секојдневни симптоми позади кои стојат силни емоции. Првите три теми кои ги одбрав се фокусираат на: пасивна агресија, прокрастинација и прекумерно размислување.
Како манифестации во однесувањето, ги доживуваме како карактерни или личносни црти, начини на кои некој се однесува или „таков е“, и нивното вистинска порака се губи негде во овие толкувања:
Ги распознавте и кај себе „дежурните виновници“ во вашите секојдневија? Го попречуваат функционирањето на работа, дома, во релациите со другите и фрустрираат, но всушност, тие се симптоми, секојдневни начини на справување со интензивни емоции. Не се карактерни недостатоци, туку одбранбени механизми што ни сигнализираат дека нешто во нас бара внимание.
Токму затоа вреди да застанеме, да се запрашаме што има зад нив и да си пружиме поддршка.
Со овој циклус започнуваме заедничко патување кон проширена свесност и лична промена, подлабоко од симптомот. Јас сум тука да ве водам низ овој процес.




