ФОКУС НА СЕБЕ – Месечни онлајн работилници за свесност и промена

Практики за ментално здравје
– рефлексија, регулација и релација

Го завршивме првиот циклус работилници, преку довербата и учеството на многу од вас и низ посветена и активна работа на секојдневните симптоми на силни емоции – пасивна агресија, прокрастинација и прекумерно размислување.  

Ми споделивте дека микро -практиките, увидите и алатките од овие сесии ви помогнаа да препознаете свои начини на функционирање, да се почувствувате поддржани и да внесете малку повеќе смиреност и јасност во комуникацијата.

Вашиот фидбек ми потврди дека оваа практика на месечни онлајн работилници за работа на себе вреди да се продолжи и продлабочи.

Овој втор циклус го замислив како следен, подлабок чекор – простор во кој внимателно ги истражуваме трите основи на психолошката благосостојба: рефлексијата, регулацијата и релацијата.

  • Рефлексијата го означува застанувањето за искрено да се слушнеме себеси: што чувствуваме, што ни треба и што навистина се случува зад нашите мисли и реакции.
  • Регулацијата се однесува на способноста да го смириме сопствениот нервен систем, да се вратиме во присутност и да останеме стабилни дури и кога емоциите се интензивни.
  • А релацијата – односот со другите – е моментот кога учиме да бидеме нежни и искрени и кон себе и кон луѓето околу нас, без да се изгубиме во туѓите очекувања.

Овој циклус ги поврзува овие три аспекти во практичен, достапен процес што постепено ве враќа кон себе: повеќе мир, повеќе јасност и повеќе автентичност во секојдневните односи.

РАБОТИЛНИЦА 1

Првата работилница е посветена на дневникувањето како алатка за рефлексија – ќе истражиме како преку пишување можеме полесно да ги разбереме своите мисли, чувства и обрасци, и да создадеме момент на јасност во секојдневната брзина.

РАБОТИЛНИЦА 2

Втората работилница ќе нè внесе во говорот на телото – ќе учиме како да ги препознаеме раните сигнали на стрес, напнатост и потреба за пауза, и како нежно да се регулираме преку едноставни телесни практики.

РАБОТИЛНИЦА 3

Третата работилница е фокусирана на удоволувањето на другите (people pleasing) – што се случува кога кажуваме „да“ иако не го чувствуваме, зошто го правиме тоа и како можеме да изградиме побалансиран однос меѓу сопствените потреби и туѓите очекувања.

Прочитајте повеќе детали за работилниците во продолжение

Циклус работилници за соочување со секојдневни симптоми на тешки емоции

Дневникување за подобро ментално здравје

Како да се грижиме за себе преку креативна само-рефлексија

  • 17 декември 2025 (среда)
  • од 18:00 до 19:30

Оваа работилница е за тебе ако се препознаваш во следниве ситуации:

  • Имам чувство на ментален хаос или магла, како да ми е тешко да слушнам мисла или да разберам што навистина чувствувам.
  • Лесно избувнувам за ситници, а подоцна сфаќам дека причината е подлабока и непроцесирана.
  • Се будам со напнатост или притисок во градите, без јасна причина, но со чувство дека нешто ми „тежи“.
  • Имам потреба да се смирам, да го симнам менталниот товар, но не знам од каде да почнам.
  • Често ми навираат мисли пред спиење, анализирам разговори, се прашувам што требаше поинаку да кажам или направам.
  • Чувствувам дека ми треба место за себе, но не успевам да го креирам во секојдневието.

Што ќе научиш:

  • Што претставува дневникувањето и како креативната само-рефлексија придонесува за подлабока самосвест и смирување на нервниот систем.
  • Како да ги препознаеш моментите кога дневникувањето е најкорисно — при наплив на мисли, емоционална напнатост, телесни сигнали на стрес.
  • Како да почнеш: едноставни техники, вежби и прашања со кои можеш да започнеш, дури и ако никогаш претходно не си дневникувал/а или ти се чини дека „немаш што да пишуваш“.
  • Практична водена вежба во тек на работилницата за да го почувствуваш процесот — пишување/цртање, именување на внатрешните состојби и засилување на само – свесноста.
  • Како да создадеш своја дневна пракса на дневникување, од најмалку  5–10 минути, за дневникувањето да стане твоја алатка за смирување и саморегулација.

Раното пријавување трае до 12ти декември, и ви нуди поволност за:

Пријавување за сите 3 работилници – цената за учество е 2.200 ден.

Пријавување за две работилници – цената за учество е 1.600 ден.

Учеството на една работилница чини 900 ден.

Телото ни зборува – препознавање на раните сигнали на стрес

Како да го слушаме телото за навреме и свесно да се регулираме

  • 14 јануари 2026 (среда)
  • од 18:00 до 19:30

Оваа работилница е за тебе ако се препознаваш во следниве телесни и емоционални симптоми?:

  • Напнато тело без очигледна причина – вилица стисната, раменици кренати, стомак затегнат.
  • Чести главоболки, болки во грбот или замор, кои се појавуваат кога сум под притисок или откако ќе завршам некоја важна работа
  • Срцето почнува  да ми  чука побрзо, плитко дишам или ме преплавува топол бран кога ќе седнам да се одморам
  • Тешко се концентирам, мислите ми се расфрлани и имам чувство дека мозокот константно ми работи во позадина
  • Избегнувам некои задачи или разговори, затоа што телото ми се стега или чувствувам блокада
  • Чувствувам исцрпеност, иако реално не сум направил/а нешто многу напорно

Што ќе научиш:

  • За телесната интелигенција и стресот –  што всушност е стрес сигнал, и зошто е важно да ги препознаеме раните знаци пред да се акумулира тензијата.
  • Кога телото бара регулација –  кои моменти се критични (умор, преоптовареност, раздразливост, замаглен ум, напнато тело) и како да го препознаеш сигналот за пауза
  • Како да почнеш со свесно слушање на телото – едноставни техники за скенирање на телото, проверка на дишењето, надгледување на напнатоста
  • Практична вежба – водена телесна и поливагална вежба за смирување – регулација преку дишење, микродвижења и пауза за повеќе присутност и стабилност.
  • Примена во секојдневието – како да создадеш дневна рутинска пракса на свесни микро – регулации на телото за да реагираш навреме за своето здравје и свесност.

Раното пријавување трае до 12ти декември, и ви нуди поволност за:

Пријавување за сите 3 работилници – цената за учество е 2.200 ден.

Пријавување за две работилници – цената за учество е 1.600 ден.

Учеството на една работилница чини 900 ден.

Помеѓу угодување на другите и грижа за себе

Како да ја најдеме рамнотежата меѓу туѓите и своите потреби

  • 11 февруари 2026 (среда)
  • од 18:00 до 19:30

Оваа работилница е за тебе ако се препознаваш во следниве емоционални, ментални и телесни симптоми на угодување (people pleasing):

  • Автоматски велам „да“, дури и кога сум уморен/на, преплавен/а или едноставно не сакам.
  • Внимавам на тонот, реакциите и расположението на другите, како да е моја работа да ги смирам и задоволам.
  • Се водржувам да поставам граници, ме плаши да не ги разочарам другите или да не испаднам груб/а.
  • Телото ми се напнува пред можен конфликт – забрзано срце, треперење, топлина, напнатост во стомакот.
  • Често се извинувам, дури и за работи за кои не сум одговорен/на.
  • Чувствувам вина кога ќе побарам нешто за себе, или воопшто не барам.
  • Се давам во обврски, но тешко ми е да прекинам да ги исполнувам туѓите очекувања.
  • Чувствувам замор, незадоволство, исцрпеност или празнина.

Што ќе научиш:

  • За угодувањето (people-pleasing)  – зошто се јавува и како е поврзана со нервниот систем и стари одбранбени механизми и како влијае врз нашата автентичност и ментално здравје.
  • Кога се активира угодувањето – препознавање на клучните ситуации, емоционални реакции и телесни знаци кои најчесто го вклучуваат овој образец.
  • Како да почнеш да ги слушаш сопствените потреби – како да провериш „што е мое, што е туѓо“ и како да почнеш да кажуваш „да“ и „не“ од место на смиреност и свесност.
  • Практична вежба за идентификација на делот што угодува и делот што има потреба од заштита, зајакнување за поставување граница.
  • Примена во секојдневието: Како да поставуваш мали, реални и значајни граници; како да се грижиш за себе без вина; и како да не го изгубиш контактот со другите кога си автентично со себе.

Раното пријавување трае до 12ти декември, и ви нуди поволност за:

Пријавување за сите 3 работилници – цената за учество е 2.200 ден.

Пријавување за две работилници – цената за учество е 1.600 ден.

Учеството на една работилница чини 900 ден.

Додатни информации:

  • Работилниците се одржуваат на Zoom. Линк за вклучување добивате на мејл еден ден пред настанот.
  • Секој учесник ќе добие снимка од работилницата која ќе може да ја прегледа во свое време во рок од два месеци од одржувањето, но најкорисно за вас е присуството во живо за да можете да поставите прашања, во групата или на мене лично во приватна порака.
  • Напомена – поради сензитивноста на темите и дискусиите, за последните 15-20 мин од работилницата предвидени за прашања и дискусии, снимањето е исклучено.
  • Заедно со снимката, во мејл добивате и краток прирачник за практична примена и продолжување на работата на темата.
  • За пријавување, пополнете го формуларот во прилог каде ве чекаат повеќе инструкции за учеството и детали за плаќањето.
62

Работилниците не се поврзани меѓусебно и можете да присуствувате на една, две или на сите три работилници, за што можете да искористите и попусти.

Раното пријавување трае до 12ти декември, и ви нуди поволност за:

  • Пријавување за сите 3 работилници – цената за учество е 2.200 ден.
  • Пријавување за две работилници – цената за учество е 1.600 ден.
  • Учеството на една работилница чини 900 ден.