Добродојдовте на Sense of Self
Независно од тоа на која точка се наоѓате во својот живот и што ви се случило, работата на себе ќе ви донесе олеснување на тешкотиите, повеќе задоволство во секоја активност и многу подобри односи со другите. Секој од нас има свое уникатно присуство, единствено искуство, своја приказна. Оваа поврзаност со себе секој може да ја негува, од нејзиното обновување произлегува лекувањето и растењето.
Како можеме да соработуваме?
Ви нудам различна соработка со мене, индивидуални и групни варијанти, програми и корисни информации за поврзување со себе. Сите се базирани на мојата интегрирана комбинација од неколку различни домени, гешталт психотерапија, поливагална теорија на функционирање и арт експресивни техники. Овој пристап ја почитува целовитоста на еден организам, неговото тело, развоен, емотивен, релациски и спиритуален аспект.
Кој ќе се пронајде овде?
Оној кој бара олеснување од емоционалната состојба и тешките искуства, оној кој е воден од љубопитност и знае дека има повеќе во себе од она што го споделува, вие кои сакате повеќе спонтаност и задоволство во релациите со другите. Тимови кои се во конфликт и не наоѓаат заеднички јазик, работодавци кои ги вреднуваат луѓето како примарен и најважен ресурс, вработени кои имаат симптоми на работното место.
Но, во суштина, секој од вас е добредојден.
Не постои некој кој не почувствувал благодет од работата на себе.

For you are not powerless.
I will not fix you,
For you are not broken.
I will not heal you,
For I see you, in your wholeness.
I will walk with you through the darkness,
As you remember your light.“
A Medicine Woman’s Prayer
BY SHEREE BLISS TILSLEY©