Предизвик за подобар контакт со себе и подобро ментално здравје
Стартуваме во четврток 30.01.2025
Слушнете повеќе за предизвикот и искусете го овој начин на дневникување за подобро ментално здравје на бесплатниот вебинар на 22ри јануари, во 19ч на платформата ZOOM. На овој разговор ќе посветиме внимание на нашата анксиозност, како ја доживуваме и како да ја разбереме подобро.

Ако овде ве донесе:
Немир дека не се препознавате повеќе себеси,
дека не знаете што ви е потребно и што сакате.
Страв дека ве зафатил хаос,
неможете да си воспоставите ред и спокој во секојдневието.
Мака да воспоставите добри релации со другите,
имате чувство дека не ве разбираат и вистински не ве познаваат.
Свесност дека сте заглавени,
без идеја што е следно за вас, без одлука,
колку и да се трудите да ја донесете.

Ако сте ова вие – ВЕ РАЗБИРАМ!
На ова непријатно место се освестив и јас кога повеќе не можев да го издржам постојаното чувство на хаос и исклученост од себе и од другите. Живеев со уверување дека исполнувам очекувања кои се и мои, но незадоволството и раздразливоста стануваа се поочигледни. Се однесував неадекватно на работа, бев неприсутна со блиските и постојано на работ на солзите, во обид да сфатам што се случува.
Животот е динамичен и непредвидлив. Да се биде возрасен значи да се грижиме за најмалку едно лице, но најчесто за повеќе членови на семејството, се грижиме да обезбедиме материјална егзистенција, да работиме многу часови во денот, се трудиме да се оствариме како професионалци, како примерни родители, да израснеме добри деца, да се оствариме како сакани и лојални партнери… секому своето.
Но, оваа динамика умее да нѐ вовлече во континуирано трчање по очекувањата поврзани со улогите кои ги играме и со тек на време ни станува важно само да преживееме, не и колку квалитетно живееме.
Така, во позадина се повлекува нашето тело, нашите потреби, неопходноста повремено да се застанува, да се прави контакт со себе и да се свари тоа што било, да се согледа тоа што се случува и да видиме што сакаме за себе во иднина. Ја губиме својата оска на гравитација, се оддалечуваме од себе, а со тоа и од другите.
Заглавуваме во состојба на преживување, со напнат нервен систем, со ограничени задоволства и неисполнет начин на живот.

Како настана оваа програма?
Мојата голема трансформација започна пред 3 години, кога го обновив разговорот со себе. Кога станав свесна дека вртам кругови околу себе и дека сум или неисполнета и незадоволна од животот таков како што беше, или дека гаѓам и промашувам во обид да си променам нешто на подобро.
Од оваа фрустрација почна моето секојдневно дневникување. Бидејќи ми беше мачно да пишувам како сум, цртав. Бидејќи не ми беше сосема јасно што сака цртежот да ми каже, пишував. Така открив дека цртањето и пишувањето во комбинација за мене се најсоодветна техника за секојдневна проверка со себе.
Во овие разговори, како првпат да спознав делови од себе, како првпат да се испочитував себеси до таа мера, што не само што редовно двоев време да се прашам како сум, туку и крајниот продукт , шарениот, визуелен, креативен дневник го засакав и му се радував секојпат кога ќе го видам.
Промените кои следуваа беа природен исход на добриот контакт со себе – направив промена на работното место, ставив крај на токсичните релации, фокусот го ставив на своите потреби за автентично живеење и се си дојде на место.
Придружете ми се во овој 14 дневен предизвик на дневникување за обновување на контактот со себе.
Секоја вежба е повик да погледнете во себе, на креативен начин, со љубопитност и милост наместо со осуда. Секоја вежба ја користам и на себе и со моите клиенти во индивидуална терапија и во групи. Во секоја од овие вежби верувам од своето лично искуство, дека ќе ви помогне да го обновите контактот со себе и да се запознаете подобро.
Најважниот аспект од исцелувањето или од промената која ја барате е поврзувањето со себе и спријателувањето со секој свој дел, пријатен или не. Тука почнува сѐ. Бидејќи кога телото дава сигнал дека нешто не е во ред, не е лек или решение тоа што го бара туку поврзување, контакт и присуство.
Повеќе за предизвикот „14 разговори со себе“
ВАЖНА НАПОМЕНА:
Оваа програма е комбинација од вежби за рефлектирање над личното доживување и во ниеден момент не претставува замена за тераписки процес. Секоја вежба може да се изработи самостојно, но доколку во било која точка почувствувате потреба, побарајте помош од терапевт.
Повеќе за содржината на дневните предизвици
Низ креативни и рефлективни вежби за работа на себе, со дневните предизвици ќе ја истражиме СВЕСНОСТА за тоа што се случува во нас во моментот, за поврзаноста на емоциите, телото и однесувањето.
Програмата е создадена за да имате место каде ќе се пресретнете токму такви какви што сте и за да ја продлабочите врската со себе.
Секој предизвик ве поканува да ја истражите темата на експресивен начин, со боја и цртеж, но секако дека ќе имате простор да се задржите само на пишување, доколку тоа е повеќе во склад со вас.
Но, доколку се охрабрите да експериментирате со експресија со боја, крајниот продукт ќе ви биде уште подраг и поубав, визуелен дневник на вашите доживувања.
Ќе се посветиме на разговор за:
Но, и на:
Ако дотука не си препознавте нешто од вашите потреби, прочитајте дали овие изјави резонираат со вас.
Зошто да се придружите во програмата?
Цена за учество во предизвикот
„14 разговори со себе“
1.800 МКД
Стартуваме на 30ти јануари 2025
Слушнете повеќе за предизвикот и искусете го овој начин на дневникување за подобро ментално здравје на бесплатниот вебинар на 22ри јануари, во 19ч на платформата ZOOM. На овој разговор ќе посветиме внимание на нашата анксиозност, како ја доживуваме и како да ја разбереме подобро.
